Home Актуелно МПЦ: Канонизација – прогласување на Св. Кипријан Слепченски за светител

МПЦ: Канонизација – прогласување на Св. Кипријан Слепченски за светител

Во пресрет на утрешниот 30 април (недела), како особено важен и светол ден за Православието, во нашато демирхисарско Слепче, во манастирот Св. Јован Претеча, ќе бидиме сведоци на канонизација ( прогласување) на Св. Кипријан Слепченски за светител.

„Со службата ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите Митрополити и Епископи на МПЦ – ОА како и Архимандрити, чесното свештенсатво и ѓаконство на помесната Црква.

Одлуката на Светиот Архиерејски Синод со која Св. Кипријан Слепченски се запишува во списокот на светите ќе биде соопштена во текот на Светата Литургија која ќе започне околу 09 часот. Сите посетители ќе имаат можност да се поклонат на иконата на Св. Кипријан, миропомазување и да добијат икона од светителот.

Да потсетиме, канонизацијата на Св. Кипријан кој на 30 април 1780 година маченички пострада за Православната вера е првата свечена активност, во програмата за одбележување на 50 години од возобновувањето на Автоќефалноста на МПЦ -ОА, се вели во информацијата на МПЦ-ОА

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…