Home Шоубизнис За некои природно, за некои одвратно: Ќерката од Мадона ги шокираше фановите со овие фотки

За некои природно, за некои одвратно: Ќерката од Мадона ги шокираше фановите со овие фотки

Лурдес, 20-годишната ќерка од поп кралицата Мадона, на плажа во Мајами беше уловена од папараците со „несредени“ пазуви, а фотките експресно беа споделени од сите светски медиумски портали.

Не дека тоа е нешто изненадувачко, со оглед на фактот дека и нејзината мајка во 2014 година беше во центарот на медиумското внимание баш поради истата причина – кога гордо се пофали со влакнестите пазуви.

Лурдес, исто како и нејзината мајка, е фитнес фанати и сака да стане актерка, а посетува и часови по танц.

И додека некои ја осудуваат за ваквиот имиџ со изговор дека тоа воопшто не е хигинески и е одвратно, други го одоброволуваат таквиот избор со аргументот дека таа појава на пазувите е природна и нема ништо лошо и срамно во тоа. Изборот, секако, е индивидуален, исто како и вкусот, дури и кога станува збор за вакви работи. Ние немаме никаква осуда за изборот на Лурдес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Владо Георгиев со награда од Херцег Нови и два нови концерта во белградската Арена

Владо Георгиев ќе одржи два концерта во белградската Арена на 4 и 5 декември 2026 година. …