Home Актуелно Среда носи затоплување

Среда носи затоплување

И денеска, среда, го започнуваме денот со студено утро, но за разлика од вторник, температурата е нешто повисока. Појава на умерен мраз утрово повторно има во беровскиот крај. До крајот на денот останува ведрото време. Ветер речиси и да ќе нема.

Температурата преку ден ќе има повисока од вчерашната. Долж повардарието и котлините во југоисточниот крај се очекува максималната температура да достигне вредности во границите помеѓу 20 и 23 степени, низ останатите котлини помеѓу 17 и 20 степени.

Скопскиот крај ќе има сончево време. Температурата ќе има максимална вредност околу 20 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…