Home Вебкафе Украинска судијка со својот стравичен изглед – хит на социјалните мрежи

Украинска судијка со својот стравичен изглед – хит на социјалните мрежи

Една судијка од Украина, по име Ала Бандура привлече внимание на социјалните мрежи со фотографија на којашто има прилично специфичен изглед и стил, кој потсетува на Џокер од сагата за Бетмен, или пак – на вештерката од „Сирената Ариел“.

Не е познато кој ја објавил фотографијата. А, сеирџиите ја опсипаа жената со најразлични епитети, од кои највпечатлив, се чини, е „ужасот на правдата”.

Сепак, се појави и приказна дека Бандура пред повеќе од 10 години преживеала напад поради својата принципиелна работа. Тогаш, непознат сторител и нанел 12 убоди со нож, но таа преживеала и успеала да се врати на својата работа.

Украинскиот портал „Сегодња” дојде до коментар на самата судијка, која објаснува дека фотографијава настанала пред неколку години, за потребите на службениот судски гласник, а таа тогаш морала набрзина да се нашминка. Бандура вели дека не се лути за шегите на нејзина сметка и не му се лути на оној кој ја објавил сликата на интернет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…