Home Вебкафе Дали знаете зошто хирурзите носат униформи во зелена боја?

Дали знаете зошто хирурзите носат униформи во зелена боја?

Порано униформите за медицинскиот персонал биле исклучиво во бела боја. Меѓутоа, во почетокот на 20 век еден лекар заклучил дека зелената боја на униформите може многу да помогне на хирурзите.

Имено, белата боја поради својот интензитет може да ги деконцентрира хирурзите кои се фокусираат на црвената боја на крвта.

Сличен ефект се јавува кога шетате по снег на сончев ден, бидејќи на нашите очи им треба време да се привикнат на големиот контраст на боите.

Сметајќи дека зелената или сината боја се спротивни на црвената на спектарот на боите, тие помагаат на хирурзите да се концентрираат на пациентот.

Тоа на крај ја намалува можноста за грешки во текот на операциите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…