Home Актуелно Петок носи разведрување и мал пораст на температурите

Петок носи разведрување и мал пораст на температурите

Денешниот ден ќе донесе значително намалување на облачноста низ земјава, иако утрово сеуште е пооблачно во поголем дел од Македонија. Облачноста ќе се намалува почнувајќи од североисток со прогресија кон југозапад. Ветерот ќе биде воглавно слаб.

Утринава температурата има вредности кои се негативни, но низ котлините не се спуштени под минус 5 степени.

Максималната денеска ќе има вредности околу 1 степен во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 4 степени. Негативна температура во текот на целиот ден се очекува на повисоките места во западниот регион.

Скопскиот крај го очекува претежно облачно време утрово, но од пладне со тенденција на намалување на облачниот слој. Максималната температура нема да надмине 1 степен Целзиусов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…