И официјално претседател на Бугарија: Румен Радев положи заклетва


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новоизбраните претседател и потпретседателка Румен Радев и Илијана Јотова денеска положија заклетва пред бугарското Собрание, јавува БГНЕС.

Претседателката на Народното собрание Цецка Цачева од собраниската говорница ја прочита одлуката на државната изборна комисија, по што Радев и Јотова беа прогласени за избрани претседател и потпретседателка на Бугарија.

Се колнам во името на Република Бугарија дека ќе го почитувам Уставот и законите на земјата и во сите свои активности ќе се раководам од интересите на народот. Се колнам. Ова е заклетвата која денеска беше положена од претседателската двојка. Радев и Јотова се потпишаа и го бакнаа крстот ставен на Евангелието и добија благослов од патријархот Неофит.

На церемонијата присуствуваа претседателот Росен Плевнелиев, потпретседателката Маргарита Попова, премиерот во оставка Бојко Борисов, владините министри во оставка, членовите на Уставниот суд, претседателите на партиите, главниот обвинител, претставници на дипломатскиот кор, на државни институции…

Пред заклетвата, четаата гардисти ги пречекаа службените лица пред централниот влез на парламентот, каде потоа се пушти националната химна и химната на Обединета Европа.

На 22 јануари завршува мандатот на Росен Плевнелиев и новоизбраниот претседател Румен Радев ќе ја преземе функцијата на специјална церемонија.