Home Актуелно Кражба во Виница: Украдени 5.000 евра од куќа на новогодишната ноќ

Кражба во Виница: Украдени 5.000 евра од куќа на новогодишната ноќ

Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, украл околу 5.000 евра, и побегнал

Пет илјади евра се украдени од куќа во Виница на новогодишната ноќ, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, З.М. (42) во Полициската станица Виница телефонски пријавил дека во периодот од 22 часот на 31 декември до 00:15 часот на 1 јануари непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.

– Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, украл околу 5.000 евра, и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР во редовниот Билтен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…