Home Шоубизнис Доењето не е сексуално, природно е – порача убавицата со оваа фотографија

Доењето не е сексуално, природно е – порача убавицата со оваа фотографија

Мајчинството е новата преокупација за убавицата од ангелскиот моден рај на Victoria’s Secret, Кендис Свенпоел.

А таа и тој момент од нејзиниот живот знае да го искористи за да испрати уште некој добронамерен и корисен апел. Кендис на Инстаграм објави фотографија како го дои своето синче за да испрати моќна порака до јавноста поврзана со доењето.

22-12-candice

„Многу жени денес се посрамувани затоа што дојат во јавност или се бркани од јавни места само зашто ги хранат своите деца. Ме натераа да чувствувам потреба да се покријам или да се срамам да го хранам моето бебе на јавно место, но зачудувачки не чувствувам ништо слично за топлес едиторијалите кои ги имам направено во име на уметноста? Светот отрпна на сексуализацијата на градите и на насилството на ТВ, зошто треба да е поразлично со доењето? Доењето не е сексуално, природно е. Оние кои сметаат дека е погрешно да се храни детето во јавност треба да бидат едуцирани за бенефициите кои мајките и децата, но и општеството како целост, ги добиваат од доењето“, порача убавицата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…