Home Вебкафе Рибарска среќа: Еден улов му донесе 2 милиони долари и не, не улови риба

Рибарска среќа: Еден улов му донесе 2 милиони долари и не, не улови риба

Кахид ал Синани, рибар од арапската држава Оман во својата ловечка мрежа пронајде нешто лигаво, по што стана милионер, пишува Daily Mail.

Се работи за т.н. амбра, отпадок од дигестивниот систем на кит. Некои тоа го нарекуваат и „пловечко злато“, а се користи во козметичката индустрија. Таа состојка овозможува мирисот на парфемот да трае подолго.

Рибарот за списанието изјавил дека од своите 60 килограми амбра заработи два милиони долари и најави дека ќе прекине со риболовот и ќе му се препушти на удобен живот.

16-11-oman-ribar-ambra1

Амбрата е всушност дигестивен секрет што китовите го лачат и исфрлаат, а во неколкугодишното лебдење во морето се згуснува и нараснува, поради морската сол. Се верува дека служи за да ги заштити китовите од тврди и тешки предмети што тие можат да ги проголтаат.

Некои сметаат и дека таа сива густа, мека смеса може да биде и афродизијак.

Најголемата амбра е пронајдена во Австралија во 1913 година. Нејзината маса изнесувала 455 килограми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…