Home Актуелно Ноемвриските пензии ќе бидат повисоки за 5%

Ноемвриските пензии ќе бидат повисоки за 5%

Ноемвриските пензии  ќе бидат зголемени за 5 проценти. Нив пензионерите ќе ги добијат во декември. Ова денеска во Прилеп го потврди и министерот за финансии, Кирил Миноски, кој се сретна со претставници на Здружението на пензионери во Прилеп. Миноски рече дека овој чекор на Владата ќе придонесе за подобрување на животниот стандард. Вели дека се грижат за стандардот на граѓаните и за пензионерите. 

И во наредниот временски период и во следната владина програма предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација, рече Миноски.

Тој кажа дека во наредниот период ќе имаат повеќе мерки  за подобрување на живот на оваа категорија на граѓани.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…