Home Актуелно Исламистите убиваат дезертери во жестоката битка за контрола над Мосул

Исламистите убиваат дезертери во жестоката битка за контрола над Мосул

Елитните ирачки единици се соочуваат со жесток отпор од џихадистите во Мосул, градот кој повеќе од две години беше под контрола на Исламската држава и во кој вчера за првпат влегоа ирачките сили.

Командантот на единицата за борба против тероризмот Мунтатар Салем за АФП изјави дека ирачките сили напредуваат и моментално се борат во источниот дел на градот.

Борците на исламската држава возвраќаат со бомби и артилерија. Портпаролот на меѓународната воена коалиција во Ирак американскиот полковник Џон Доријан изјави дека бунтовниците ја губат контролата кај следбениците во Мосул.

Портпаролката на ОН за човекови права Равина Шамдасани иајви дека екстремистите во околината на упориштето убиле стотици луѓе, меѓу кои и 50 дезертери и 180 бивши владини службеници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно

Напишете коментар

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…