Home Актуелно 84-годишен пациент позитивен на Ковид-19 избегал од модуларната болница во Штип

84-годишен пациент позитивен на Ковид-19 избегал од модуларната болница во Штип

Вчера, во текот на попладневните часови, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници.

„На 26.09.2021 во 15.47 часот во СВР Штип, од модуларната болница при Клиничка болница Штип било пријавено дека 84 годишен пациент ја напуштил болницата. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лицето било пронајдено на градскиот плоштад во Штип и со возило на Итната медицинска помош вратено во болницата“, велат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…