7 „невини“ знаци дека на вашето тело му недостасуваат важни витамини – и како да реагирате пред да биде предоцна
Понекогаш телото испраќа тивки сигнали кои лесно ги игнорираме – замор што не минува, раздразливост или чувство дека сте „извлечени од рамнотежа“. Често вината ја бараме во стресот, временските услови или напорните денови, а вистинскиот причинител може да биде недостаток на витамини.
1. Кршливи нокти и опаѓање на косата
Ако косата ви станува тенка, без сјај или почнува да паѓа, а ноктите се кршат и лупат, најверојатно ви недостига биотин (витамин Б7). Овој витамин е есенцијален за здравјето на косата, кожата и ноктите.
Храна што помага: жолчка од јајце, јаткасти плодови, интегрални житарки, авокадо.
2. Ранички во аглите на усните и афти во устата
Мали, упорни рани или напукнати агли на усните може да укажуваат на недостаток од витамини Б2, Б3, Б6, Б12 или железо. Без овие хранливи материи, телото потешко ги обновува ткивата и заздравува воспаленија.
Клучни видови храна: црвено месо, џигер, риба, темнозелени листести зеленчуци.
3. Крвавење на непцата
Ако ви крварат непцата при миење заби, можно е да имате недостаток на витамин Ц, кој е клучен за создавање колаген и силен имун систем. Дури и мал дефицит може да ги направи непцата чувствителни.
Извори на витамин Ц: портокали, киви, јагоди, пиперки, брокула.
4. Лошо ноќно гледање
Проблеми со видот во темно или замаглен поглед во ноќните часови може да бидат знак дека ви недостасува витамин А, потребен за создавање на пигментот родопсин во мрежницата на окото.
Храна богата со витамин А: морков, батат, темнозелено лиснато зеленчук, џигер.
5. „Електрично“ чувство или немир во нозете
Познато како синдром на немирни нозе, често се поврзува со низок нивo на железо, но и на магнезиум и калиум. Ако ноќе чувствувате дека нозете ви се „нестабилни“ или ви се појавуваат грчеви, време е да ги надополните овие минерали.
Препорачани намирници: банани, грав, компир, бадеми, пијалаци со електролити.
6. Хроничен замор без очигледна причина
Иако добро спиете и се храните нормално, енергијата ви е во постојан пад? Недостатокот од витамин Д може да е причинител – тој е поврзан со расположение, мускулна сила и виталност.
Решение: 15–20 минути сонце секојдневно, масна риба, јајца, и ако е потребно – суплементација по консултација со лекар.
7. Трнење или онемеленост во рацете и нозете
Чувството на „иглички“ во екстремитетите може да означува недостаток на витамин Б12, кој е клучен за здравјето на нервниот систем. Ако не се реагира навреме, тоа може да нанесе оштетување на нервите па дури и проблеми со движењето или расположението.
Ризични групи: вегани, постари лица и луѓе со дигестивни нарушувања.
Извори на Б12: јајца, млечни производи, риба, месо – или суплементи за вегански диети.
Заклучок
Правилната и балансирана исхрана е прва и најважна заштита, но ако постојано забележувате некој од овие знаци, не се потпирајте само на интернет пребарувања. Една едноставна анализа на крвта и консултација со лекар или нутриционист може да ви помогне ситуацијата да се разјасни и навремено да се преземе нешто, пред симптомите да станат сериозни.