Home Актуелно 59-годишен маж убиен во тепачка во Кавадарци

59-годишен маж убиен во тепачка во Кавадарци

59-годишен маж им подлегна на повредите здобиени при физичка пресметка со повеќе лица што се случила синоќа во Кавадарци. За убиството е приведен и осомничен 45-годишнен кавадарчанец, потврдија за МИА од МВР.

„На 16.11.2021 околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С. (45) од Кавадарци. Тој е осомничен дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на улицата ’Методија Џунов‘ во Брушанско Маало во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П. (59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци“,

велат од МВР.
Во полициската станица во Кавадарци досега биле извршени разговори со четири лица во врска со крвавиот настан, а оттаму додаваат дека се преземаат и други мерки за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…