Home Актуелно Парична казна за Македонецот кој го навредуваше Ердоган на Фејсбук

Парична казна за Македонецот кој го навредуваше Ердоган на Фејсбук

Во Скопје заврши судскиот процес што беше подигнат од страна на амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, против лице со македонско и турско државјанство, Е.А., поради  упатени навреди на сметка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

Основниот суд во Скопје го прогласил за виновен Е.А., кој преку својот профил на социјална мрежа користел изјави со кои го нарушил угледот на претседателот на Турција, Ердоган.

Во одлуката се наведува дека обвинетиот во ноември 2016 година, преку својот профил на социјална мрежа „објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја“.

Лицето Е.А. е осудено на парична казна од 24.600 денари, кои доколку не ги плати, ќе биде мора да одлежи затворска казна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…