300 евра казна за изборен поткуп за бившиот градоначалник на Кавадарци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот градоначалник на Кавадарци Александар Панов, призна дека поткупувал избори поради што Основниот суд Кавадарци му пресуди парична казна од 300 евра. Панов беше обвинет за кривичното дело поткуп при избори или гласање.

Откако Панов го призна делото во повторното судење, судијата Лазар Нанев на рочиштето кое се одржа на 6 јуни, му изрече казна во висина од 30 дневни глоби по 10 евра, или во денарска против вредност од вкупно 18,5 илјади денари. Ако обвинетиот не ја плати паричната казна 15 дена по правосилноста, и ако истата не може да се изврши ниту присилно, судот предвидел за секоја дневна глоба дека ќе определи по еден ден затвор.

Ова е втора пресуда за истото дело, а првата изречена лани во август беше ефективна два месеци затвор. Тогаш обвинетиот Панов во негова одбрана тврдеше дека не е виновен и ги обвини МОСТ и СДСМ дека водат хајка против него. Пресудата беше укинаа од Апелација Скопје и делото вратено на повторно судење.

Според обвинението Панов во својство на градоначалник на Општина Кавадарци, два дена пред парламентарните избори, поточно на 9 декември 2016 година, околу 13часот, во канцеларијата во зградата на Општината Кавадарци, на кавадарчанец кој има избирачко право, со намера да го придобие неговиот глас во корист на партијата ВМРО-ДПМНЕ каде што е член, од фиоката на работното биро извадил банкнота од 1.000 денари и му ја дал како подарок. Лицето се потпишало на бел лист хартија, а обвинетиот Панов му рекол „ние сме за да си помогнеме еден со друг“ и му рекол да гласа за ВМРО – ДПМНЕ.

Во пресудата судијата Лазар Нанев констатирал дека поткупот при избори е облик на манипулација и средство за избор на измама, за што овозможува на изборите да победат и кандидати чии што способности или програма се под нивото на другите кандидати, предизвикувајќи со неправилно извршениот избор и натамошни консеквенции за вкупниот општествен живот.

Извор: Мкд.мк