Home Актуелно 27 лица ја поминаа новогодишна ноќ на Токсикологија

27 лица ја поминаа новогодишна ноќ на Токсикологија

За време на новогодишната ноќ, 27 лица ја посетија Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар, а најмладото лице имало 16 години, информираше директорот на Токсикологија, Нико Бекјаровски.

Тој изрази задоволство дека за прв пат по долго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години.

Тој исто така кажа дека немало лица предозирани со психо-активни супстанци. Ургентниот центар во болницата „8 Септември“ го посетиле 38 лица, од кои 4 со поблаги форми на повреда поради тепачки.

На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани а врз 4 се извршени операциски зафати, но овие повредени немаат врска со новогодишната ноќ.

На Хирургија исто така пристигнале 4 лица со изгореници на рацете од петарди, но без сериозни повреди, за кои немало потреба да се хоспитализираат. Пристигнале и двајца пациенти со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…