Home Спорт Пресврт: Кулибали го напушта Наполи, но останува во Серија А

Пресврт: Кулибали го напушта Наполи, но останува во Серија А

Калиду Кулибали ќе биде една од најжешките трансфер теми ова лето.

Дефанзивецот на Наполи е на мета на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул,но италијанските медиуми тврдат дека може да остане во Серија А.

Имено, медиумите блиски до „старата дама“ пренесуваат дека Кристиано Роналдо побарал од раководството на Јувентус да се обиде да го донесе Кулибали.

Португалецот е загрижен поради честите повреди на Киелини и неискуството на Де Лихт, па смета дека со Кулибали тимот полесно може да дојде до триумф во Лигата на шампиони.

Раководството на Јувентус се согласува и е спремно да понуди 80 милиони евра за потписот на Кулибали плус дополнителни бонуси.

Наполи преферира да го продаде дефанзивецот надвор од Серија А, но ниту еден друг клуб не е спремен да ја плати таа сума.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…