Home Актуелно 23-годишен Македонец обвинет за обид за убиство – со нож бодел луѓе во Вараждин

23-годишен Македонец обвинет за обид за убиство – со нож бодел луѓе во Вараждин

Еден обид за убиство и четири обиди за нанесување тешка телесна повреда се обвиненијата за кривични дела со кои се товари македонски државјанин во Хрватска, а по спроведената истрага, Жупаниското државно правобранителство во Вараждин поднело обвинителен акт.

Обвинението го товари 23-годишниот маж дека на 28 април годинава околу 3 часот на улица во центарот на Вараждин двапати прободел 23-годишен маж во телото.

Македонецот е обвинет дека избодел и расекол со нож уште четворица мажи и им нанел физички повреди.

Тој е во истражен затвор, а советот на Жупанискиот суд во Вараждин го прифатил предлогот на државниот правобранител и му го продолжил притворот поради опасност од бегство и извршување нови кривични дела, објавија хрватските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…