Драми во судскиот процес за „Космос“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Драми во рамки на судскиот процес за случајот „ТНТ“ кој се води за нелегалното рушење на комплексот „Космос“.

Адвокатите на обвинетите за уривањето на комплексот „Космос“ не мируваат. На 7 дена од рочиштето за „ТНТ“, со писма до јавноста одбраната посочува на пропусти во водење на судењето. Мерџан Даути, адвокат на градежната инспекторка Елизабета Најдовска, се жали дека Судот му го ограничува правото на користење на албанскиот јазик. Бара превод на сите списи и докази и почитување на Законот за јазици, пренесува Алсат-М.

Необезбедувањето на превод на сите потребни документи и материјали, односно необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката претставува суштинска повреда на постапката – рече Мерџан Даути, адвокат.

Освен Даути, писмо напиша и Јовица Страшевски кој го застапува поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски исто така обвинет во „ТНТ“. Го адресираше до судијата поротничка Лилјана Ивановска – Кочковска на која мандатот од четири години и истече на 24 минатиот месец. Страшевски посочува дека Судскиот совет избира и разрешува поротници, но не констатира престанок на истечен мандат. На судијката поротничка и порача веќе да не доаѓа на судските рочишта на било кое судење во улога на поротник.

Доколку продолжите да се појавувате на судските рочишта во својство на судија поротник ќе сторите кривично дело лажно преставување согласно член 391 од Кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна -изјави Јовица Страшевски, адвокат.

Судењето за „ТНТ“ пред Нова Година предизвика нервоза во судница. Финиширањето на случајот, создаде игра на нерви. Адвокатите кои ги застапуваа обвинетите се повлекоа. Поставија други. Одбраната апелираше дека истекува мандатот на судијата поротник, но сепак судот пресече дека ќе има рочишта. На само еден ден пред судењето обвинетиот Тони Трајковски пријави дека го претепале а процесот продолжува на 17 – ти месецов. Освен поранешниот градоначалник на Гази Баба, обвинети се и Миле Јанакиески, бегалецот Никола Груевски и уште четири лица. Судењето за „ТНТ“ започна на 24 јануари пред, две години.