Home Актуелно 21-годишна девојка утрово загина во кобна сообраќајка во Штип

21-годишна девојка утрово загина во кобна сообраќајка во Штип

Во сообраќајната несреќа која утрово се случила на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, животот го загуби 21-годишна девојка од Свети Николе, додека едно лице заврши со повреди.

Според СВР Штип, несреќата се случила во 5:15 часот утрово, а двете лица се на возраст од 21 година и се од Свети Николе.

На лице место починала девојката, а момчето е во болница.Возилото било многу оштетено па за да се извадат младите истото било сечено од ТППЕ од Штип.

Фото. ТВ Стар

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…