Home Шоубизнис 2016 никако да заврши: Замина уште една легенда – почина принцезата Леа од Star Wars

2016 никако да заврши: Замина уште една легенда – почина принцезата Леа од Star Wars

Пред неколку дена хоспитализираната во Лос Анџелес по срцевиот напад холивудската актерка Кери Фишер која се прослави со ролјата на принцезата Леа во научнофантастичната епопеја „Ѕвездени војни“, почина во вторникот пренесуваат американските медиуми.

Претходно интернет изданието на магазинот Hollywood Reporter пренесе дека 60-годишната Кери Фишер била приклучена на апарат за вештачко дишење.

Актерката пред три дена доживеа срцев удар во текот на летот од Лондон во Лос Анџелес, во кој е родена во 1956 година. Таа добила итна медицинска помош во самиот авион, која ѝ ја укажал нејзиниот лекар кој летал заедно со неа. Според полицискиот извештај, ударот го добила петнаесетина минути пред слетувањето, а реанимација ѝ била укажана на аеродромот по што била хоспитализирана.

Била хоспитализирана во критична состојба веднаш по приземјувањето на авионот на аеродромот. Подоцна нејзиниот брат Тод Фишер изјави дека актерката „излегла од критична состојба“ и оти нејзината состојба е стабилизирана.

Фишер го толкуваше ликот на принцезата Леја во оригиналната трилогија на „Star Wars“ во периодот од 1977 до 1983 година, а во таа улога се врати и во 2015 година во новиот филм од серијалот „Силата се буди“ (Star Wars: Episode VII – The Force Awakens).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…