20.000 пчели го блокираа Њујорк: Реагираше и полицијата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њујоршката полиција мораше да блокира дел од 43. улици и Бродвеј по дојавата дека чадорот над еден штанд за продажба на хот дог се преплавил со голем број на пчели.

Медиумите пренесуваат дека околу 20.000 пчели стоеле на штандот за продажба на хот дог, а невообичаената ситуација привлекла внимание на бројни минувачи и туристи на Тајмс сквер.

Откако полицијата блокирала дел од улицата, еден од њујорките плави облекол заштитно одело и со посебен уред налик првосмукалка за околу еден час го решил проблемот.

Во посебен контенјер 20.000 пчели биле транспортирани во новиот дом на Лонг Ајленд.