2 години затвор за Никола Груевски

Скопска Апелација ја потврди казната затвор од две години за бившиот премиер, Никола Груевски.

Истовремено, казната за осудениот Ѓоко Поповеки, поранешниот шеф на јавните набавки во МВР, е намалена од 6,5 на 4,5 години.

Двајцата беа казнети во предметот на СЈО, „Тенк“, што се однесува за малверзации при набавка на луксузен „мерцедес“ во 2011 година.