Home Спорт 19-годишната Андреску сензационален победник на УС Опен (видео)

19-годишната Андреску сензационален победник на УС Опен (видео)

19-годишната тенисерка, Бјанка Андреску направи големо изненадување во финалето на УС Опен, откако славепе со 2-0 против Серена Вилијамс.

Таа е првата тинејџерка која по 2006 година освоила Грен Слем турнир, тогаш тоа го направи Марија Шарапова исто така на УС Опен.

Андреску доминираше во текот на целиот меч и првиот сет го освои со 6:3. Вториот сет исто така го започна одлично и имаше е резултат 5:1, но Вилијамс успеа да добие 4 гема по ред и да изедначи 5:5.

Сепак, на крајот славешее канадската сензација, која од март нема изгубено меч, а против топ 10 тенисерките води 8:0.

„Знаев дека сите на стадионот сакаат да победи Серена, извинете. Знаев дека нема да се предаде и ќе се обиде да се вати во мечот, но јас успеав да ја победан. Последниот гем не беше лесен. Почна да сервира подобро и топчињата летаа насекаде. Мило ми е што го освоив трофејот“, порача Андреску.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…