Home Спорт Видео: „Кралот“ сам го победи Детроит, блесна и Вестбрук

Видео: „Кралот“ сам го победи Детроит, блесна и Вестбрук

На натпреварите кои се одиграа синоќа во НБА лигата ефикасни беа домашните екипи, а во центарот на вниманието беше Леброн Џејмс.

Кливленд предводен од Леброн Џемјс го совлада Детроит со 121-104. „Кралот“ беше најефикасен со 25 поени и 14 скока, а му недостигаат само два скока за да забележи трипл-дабил учинок. Кај поразената екипа, која добро се држеше во првите две четвртини, но немаше сили во останатите две, се истакнаа Харис и Толивер со по 20 постигнати поени.

Свој блесок имаше и првата ѕвезда на Оклахома Сити Тандерс, Расел Вестбрук, кој со 37 поени, 14 асистенции и 9 скока ја водеше својата екипа до нова победа, овој пат над Филаделфија од 122-112.

Резултати:
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 103-112
Хјустон – Феникс 113-102
Чикаго – Милвоки 110-96
Оклахома – Филаделфија 122-112
Торонто – ЛА Лејкерс 123-111
Кливленд – Детроит 121-104
Сан Антонио – Сакраменто 113-98

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…