Home Актуелно 15-месечното бебе кое почина во Скопје паднало од скршен прозорец

15-месечното бебе кое почина во Скопје паднало од скршен прозорец

Полицијата информираше дека вчера околу 19:30 часот е пријавено од болницата „Аџибадем Систина“ дека било донесено 14 месечно женско бебе со скршеница на череп и крварење во мозокот.

Според пријавата бебето починало во 19.10 часот.

Дел од медиумите вчера објавија дека детето се здобило со повреди во момент кога со својата баба се симнувало по скалите на зградата, се оттргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало од 2,5 метри височина.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…