120 години без секс: Најстариот девственик на земјата повитален од двојно помлади луѓе

Индискиот монах има 120 години и сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар жив човек на земјата. Тврди дека својата старост и долговечност ја должи на јогата и апстиненцијата од секс.

Свами Сивананда, кој според податоците од неговиот пасош е роден на 8 август, 1896 година, во Индија е славен лик, а тврди дека целиот свој живот апстинира од секс. Исто така, не користи никакви лекови, јаде храна без зачини и секојдневно вежба јога.

10-12-svami1

„Дисциплината е најважната работа во животот. Со дисциплина можеш да победиш сè, навиките во исхраната, сексуалната желба. Контролирањето на своите потреби е најголемата умешност во животот. Живеам толку долго бидејќи материјалните ствари не ми се важни и не ме прават среќен“, вели Сивананда.

10-12-svami2

„Роден сум во сиромаштија и никогаш не сум имал големи потреби во животот. Луѓето денес се несреќни, нездрави и стануваат нечесни што ме растажува. Сакам луѓето да бидат среќни и здрави и во мир со самите себе и светот“, додава тој.

Свами е висок 158 сантиметри, никогаш не спиел во кревет и никогаш не користел перница – спие на под врз душек, а како перница користи цигли. Луѓето од цела земја го посетуваат во потрага по совети.

10-12-svami3

„Порано не сакав да излегувам во јавност бидејќи тие работи немаат никаква цел во животот, но моите следбеници би биле многу среќни кога моето име би го виделе во Гинисовата книга на рекорди“, заклучува тој.