Home Актуелно 12 респиратори и 5.000 маски од Европската унија пристигнаа во Македонија

12 респиратори и 5.000 маски од Европската унија пристигнаа во Македонија

Денес во Македонија пристигнаа 12 респиратори и 5.000 маски N95, од Европската унија, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Многу беше тешко да се набават респираторните машини со оглед на тоа дека многу земји забранија извоз на медицински материјали“ – рече Филипче.

Овие 12 се дел од 20 -те што треба да пристигнат од Европската унија, а ќе бидат распоредени на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…