Home Актуелно 12 лица заработија кривични пријави за учество во толпа – за седуммина и домашен притвор

12 лица заработија кривични пријави за учество во толпа – за седуммина и домашен притвор

За случувањата од протестите на 5. јули пред македонското Собрание, 12 лица добија кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, сите се изнесени пред Судија на претходна постапка и судот на еден од нив му одредил мерка притвор, а на уште седуммина мерка куќен притвор, соопшти МВР.

Како што додаваат оттаму, овие дванаесетмина заедно со уште тројца малолетни лица кривичното дело по член 385 од Кривичниот законик, го сториле на 05.07.2022 година за време на протестите пред Собранието. При тоа беа повредени 47 полицајци и беа оштетени зградите на Собранието, на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема.

Најпрво биле приведени 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…