Home Актуелно 111 новозаразени и 2 починати од коронавирусот во последните 24 часа

111 новозаразени и 2 починати од коронавирусот во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

– Скопје 63
– Куманово 11
– Штип 12
– Тетово 8
– Велес 3
– Охрид 1
– Гостивар 3
– Крива Паланка 1
– Кочани 9

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

– Прилеп 1
– Тетово 4
– Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои девет тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…