11-годишно девојче во Кочани во шести месец бременост – случајот се води како силување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


11-годишно девојче во состојба на шестмесечна бременост на 24 јануари било донесено во Берово од центарот за социјална работа во Кочани. Неофицијално, таткото е 19 годишен, а случајот се води како силување.

Девојчето живеело со својата мајка, која незабележала дека ќерка ѝ е бремена, а тоа го забележале луѓе од училиштето, по што девојчето било однесено на гинеколошки преглед.

Ученичката моментално е згрижена во мал групен дом. Девојчето е во одмината бременост, шест месеци бремена.

Откако оваа вест излезе во јавност, Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на начинот на кој овој случај првично беше презентиран во јавноста, објаснуваат од Хелсиншкиот комитет.

-Во случајот се работи за малолетно лице на кое му било обезбедено интервентно сместување во мал групен дом од страна на Центарот за социјална работа во Кочани заради заштита во кризна состојба. Согласно Законот за социјална заштита, привремен престој, интервентно згрижување и специјализирано згрижување се услуги преку кои се обезбедува заштита, згрижување и поддршка на лица кои се наоѓаат во кризна состојба и жртви на насилство, кои можат да бидат и деца, се вели во нивното соопштение.

Тие тврдат дека во конкретниот случај, откриени се доверливи податоци за случајот, вклучително и локацијата каде се наоѓа малолетното лице, што претставува кршење на одредбите за доверливост на корисниците на услуги од социјална заштита, со што дополнително се виктимизира малолетна жртва. Во духот на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за правата на детето, Министерството за труд и социјална политика треба да постапува во најдобар интерес на детето, кое во случајов е жртва и да изготви соодветен индивидуален план за понатамошно постапување во случајот.

-Од исклучителна важност е малолетното лице да биде безбедно згрижено и понатаму и да се превенира какво било натамошно изложување на ризик.  Дополнително, според досегашните сознанија случајот е веќе пријавен во полиција и поднесена е соодветна кривична пријава.Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе продолжи да го следи постапувањето на надлежните органи по овој случај, вклучувајќи го Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, се вели во нивното соопштение.

Најмалку 12 години затвор се пропишани за кривичното дело за кое се товари 19-годишникот од Кочани кој го извришил половиот напад врз девојчето.