Home Актуелно 11-годишно девојче на велосипед удредно од автомобил во Битола

11-годишно девојче на велосипед удредно од автомобил во Битола

Откако било удрено од автомобил, 11-годишно девојче од Битола вчера околу 20:00 часот било пренесено во Клиничката болница во Битола, информираа од полицијата.

„На крстосница од улиците „Билбил камен“ и „Кирил Вангелов“ во Битола, М.А.(24) од Битола, управувајќи патничко возило „Форд ескорт“, удрил во велосипед управуван од 11-годишно девојче од Битола, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола“, соопштија од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…