Home Актуелно 100.000 снимки добиени од претрес на лични архиви на анализа кај Катица и тимот од СЈО

100.000 снимки добиени од претрес на лични архиви на анализа кај Катица и тимот од СЈО

Во полугодишниот извештај кој се однесува на периодот од септември 2017 до март 2018 година, се наведува дека СЈО заело 136 предистражни постапки, а отворени се и 7 нови истражни постапки, додека целосно се одобрени 15 обвиненија.

„Во текот на извештајниот период беа преземени голем број на дејствија во рамки на отворените предистражни постапки што се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби при јавните набавки, перење пари, разни коруптивни дејствија…“, стои во извештајот.

Во истиот период, СЈО отворило 7 нови истражни постапки против вкупно 17 физички лица.

„Ова Јавно обвинителство исто така е во процес на анализирање на повеќе од 100.000 аудио-фајлови кои се прибавени при спроведени претреси кај неколку лица и во тек е утврдување дали и во колкав број овие аудио фајлови претставуваат предмет на незаконското следење на комуникациите“, се истакнува во најновиот извештај на СЈО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…