
Во Лос Анџелес во тек е доделувањето на наградите Kids’ Choice за 2026 година. Годинешната церемонија се одржува во сабота, на 14 ноември, во студијата „Телевижн сити“.
Домаќин на традиционалниот настан на „Никелодеон“, препознатлив по зелената слузава маса, е пејачот Алекс Ворен. Меѓу гостите има многу познати личности, собрани за да ги прослават милениците на публиката од филмот, телевизијата, музиката, видеоигрите, спортот и други области.

Алекс Ворен

JYT

Џејми Милер

Антонио Чипријано

Викторија Џастис
Церемонијата започна со танцова точка што потсети на различни децении од историјата на наградите, со настап на JYT. Настапи и Џејми Милер, кому за танцот на „Babydoll“ му се придружија Антонио Чипријано и Викторија Џастис.
На сцената ќе настапат и Софи Такер и Еш.
Меѓу добитниците на вечерта ќе биде и Крис Прат, кому ќе му биде врачено специјалното признание „Крал на комедијата“.
Тејлор Свифт води со шест номинации, а по неа се Аријана Гранде и Сабрина Карпентер, со по пет.
Доделувањето на наградите Kids’ Choice за 2026 година се пренесува во живо на Си-би-ес и „Никелодеон“.
Извор: Just Jared