Home Актуелно „Ѕвекање на оружјето“: Косово ќе легализира над 240.000 парчиња нелегално оружје

„Ѕвекање на оружјето“: Косово ќе легализира над 240.000 парчиња нелегално оружје

„Ѕвекањето на косовското оружје“ е проблем кој сериозно ја загрижува и мачи Србија. Дополнително, тука е и фактот дека косовската полиција започна со акција за легализација на нелегалното оружје.

Се проценува дека цивилите поседуваат меѓу 240 и 260 илјади парчиња останати од деновите на војната.

Колку за споредба, Косово има 1,8 милиони жители, војската би требало да има 5.000 припадници, па не е лесно да се дојде до заклучок колкави се размерите на вооружени цивили.

Полицијата смета дека легализацијата на оружјата ќе овозможи Косово да стане побезбедна средина бидејќи според нивното мислење, далеку поголем проблем е што поголем дел од оружјето е илегално.

Инаку, проблем на огромното количество на оружје не е само косовската специфичност, туку и општата загриженост дека на западниот Балкан, од Хрватска до Македонија, се ‘скриени’ меѓу три и шест милиони парчиња оружје, покажуваат податоците на Европол, пишуваат хрватските медиуми.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…