Ѕирнете во мистериозната кутија која ги испаничи вработените на бејрутскиот аеродром


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вработените во аеродромот во Бејрут пронашле чудна дрвена кутија со неколку дупчиња, без каква било адреса, која неколку дена никој не дошол да ја земе.

Откако поминала една недела и никој не дошол да ја подигне кутијата, службениците одлучиле да ја отворат, оти почнале да се сомневаат дека претставува потенцијална опасност по безбедноста. Донекаде и биле во право, но таа „потенцијална опасност“ била во многу рана фаза.

Внатре имало три сибирски тигарчиња. Изненадувачки, тие останале живи, но биле во критична состојба, изгладнети, дехидрирани и многу исплашени. Властите веднаш ги повикале ветеринарните служби и животинчињата биле згрижени. Моментно, тие се во зоолошка во Бејрут.

Се уште не познато кој е испраќачот, ниту пак, за кого била наменета пратката.