Жозеп Борел упатува смирувачки пораки: Никој не го изгубил идентитетот на патот кон ЕУ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, упати смирувачки уверувања кон Македонија: „Нема да го изгубите својот идентитет на патот кон ЕУ. Никој не го изгубил. Вам не ви требаат заклучоци за да го знаете тоа“.

Според него, денеска се одележува голем напредок кој ќе биде клучен за Македонија, за Западен Балкан и за ЕУ како целина.

„Денеска конечно го почнуваме процесот за кој работевте напорно. ЕУ нема да биде комплетна без вас. Денес Северна Македонија оди во следната фаза на нејзиниот пат за членство во ЕУ. Живееме во критичен моментум и овој моментум мора да биде искористен од Северна Македонија за да ги спроведе и оствари напредок во клучните реформи. Со процесот на преговори ќе се трансформира општеството, како што беше случајот со сите земји кои станаа членки на ЕУ и ќе донесе опиплив бенефит за сите граѓани. На тоа долго одложено патување ЕУ ќе ве поддржува во обидите на трети страни да влијаат врз вас, градејќи отпор и да ви помогнеме да се справите со последиците од руската агресија во Украина која ќе биде многу видлива“, рече Борел.

Живееме, како што кажа, во време на идентитетски политики.

„На патот кон ЕУ нема да го загубите вашиот идентитет. Никој од нас не го прави тоа. Ние имаме комплексен, повеќеслоен идентитет. Идентитетот на Северна Македонија , богатата историја и култура, секогаш биле дел од ЕУ“, уверуваше Борел.