Home Шоубизнис Животот преплетен како сценарио за филм во кој треба да глуми: Џек Николсон откри дека неговата сестра, е всушност негова мајка?!

Животот преплетен како сценарио за филм во кој треба да глуми: Џек Николсон откри дека неговата сестра, е всушност негова мајка?!

Легендарниот холивудски актер, Џек Николсон глумеше разни ликови со интересни приказни, а неговата животна звучи како сценариот за серија или филм.

Тој во 1974. година, разговајќи со новинар на Тајм доживеа шок. Имено, новинарот пишувал сторија за млада актерка во развој и откри дека е жената за кој Џек веруваше дека му е сестра – всушност мајка.

Дека нешто не е во ред во неговото семејство, се сомневал од мал, а испадна дека има право. Иако звучи како теленовела, сестрата која има 79 години, всушност е негова мајка.

Мајката на Џек, Жун Франсис Николсон се занимавала со танц и размислувала за блескава кариера, но забременила кога имала 16 години, а нејзината мајка, Етли Меј Николсон, не сакала Жун да се откаже од кариерата, па ја презела одговорноста и грижата за малиот Џек.

„Тоа е цената на славата. Сите почнуваат да копаат по твојот приватен живот и следно што знаеш е дека твојата сестра, всушност е твојата мајка“, изјави Николсон во едно интервју.

Сепак, иако приказната за неговото потекло е прилично истражена, тој и натаму не ја знае целата вистина, не знае кој е неговиот татко. Кога дознал дека Жун му е мајка, одбил ДНК анализа за да дознае кој е неговиот друг родител.

„Татко е личност која ти помага додека да пораснеш, а не некој кој има исти спирали во генетскиот код“, објасни Џек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …