Жежок четврток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, четврток, 3. август, ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура во интервал од 14 до 20 степени, а максималната од 33 до 39 Целзиусови степени со УВ индекс 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

УХМР најавува дека до утре ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. В недела и в понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.