Жерновски исклучен од ЛДП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Андреј Жерновски, градоначалникот на Центар, веќе не е член на ЛДП, откако Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП) синоќа одлучувал по неговата изјава дека преминува во СДСМ.

Одборот донел одлука да се исклучи Жерновски од органите и телата на партијата.

Како што пишува Плусинфо, Централниот одбор на ЛДП му посакал среќа на Жерновски во новата партија, а на СДСМ му посакал повторно да не му се случи Стевче Јакимовски. Денеска ЛДП ќе излезе со официјално соопштение во врска со ова.

Жерновски беше лидер на ЛДП од 2011 до 2015 година.