Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Познатиот македонски но и светски кардиохирург, Жан Митрев, за веста дека неговиот син од првиот брак станал радикализиран терорист за порталот А1он, изјавил дека „секој човек на 25 години сам носи одговорност за своите одлуки. Тоа не е мојот син. Случајно имаме исто презиме“.
Иако останува нејасно дали таткото се одрекол од проблематичниот син, или станува збор за како што рекол, лажни вести, сепак Филан Митрев, ќе подлежи на законски судски процес во Германија и ќе си го добие тоа што го заслужува.
Веста ја разбранува македонската јавност, откако германските медуми објавија дека вчера започна судењето за тројца терористи, дел од ќелија на ИСИС, кои биле фатени минатата година, а нивната цел за самоубиствен бомбашки напад, била спречена. Едниот од тројцата терористи бил Филан Митрев, како што тврдат германските медиуми, син на познат и угледен македонски кардиохирург, а во веста имаше и заедничка фотографија на Жан Митрев и Филан Митрев.