„Земјината црна кутија“ ќе биде монтирана на Тасманија – ќе содржи доказни информации во случај човештвото да исчезне


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот остров Тасманија ќе биде локацијата на која следната година истражувачите ќе монтираат челична конструкција во која ќе бидат сместени сите информации за тоа како се случуваат климатските промени и како точно нашата планета постепено се приближува до вистинска самоуништувачка катастрофа.

Оваа огромна градба ќе се вика „Земјина црна кутија“. При изградба на кутијата ќе се користат хард дискови на соларна енергија. Тие ќе содржат научни податоци за состојбата на климата, како и за тоа како ќе дојде до евентуално исчезнување на растенијата и животните.

Освен ова, експертите планираат да додадат информации за загадувањето на животната средина за да можат потомците да дознаат што се случило со планетата.

Авторите на проектот забележуваат дека доколку не се преземат мерки во блиска иднина, климатските промени се тие што ќе предизвикаат смрт на целото човештво.

„Земјината црна кутија“ ќе ги содржи сите потребни податоци кои ќе им овозможат на идните генерации да знаат се што се случувало на планетата пред да се родат.

Поставувањето на конструкцијата е предвидено за почетокот на следната година. Денес, специјалисти се ангажирани во бета тестирање на хард дискови и собирање информации неопходни за спроведување на проектот.