Зеленски со порака до Западот од Буча после масакрот на тамошно цивилно население


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, место од каде веќе неколку дена пристигнуваат застрашувачки снимки и фотографии од тела на убиени цивили на улиците.

Тој накратко разговараше со новинарите кои го следеа, велејќи дека е „многу тешко“ да се преговара со Русија по масакрот што го извршија руските сили во Буча.

„Ова ја покажува природата на руската армија“, изјави тој.

Зеленски рече дека масакрот во Буча покажува оти Русите „се однесуваат со луѓето полошо отколку со животни“. Тој предупреди дека ситуацијата ќе се влошува „колку повеќе Руската Федерација ги одложува преговорите со Украина“.

Зеленски носешее панцир во Буча и беше опколен од вооружени обезбедувачи. Тој им се обрати и на „лидерите на земјите кои одлучија дали Украина треба да биде членка на НАТО или не“.

„Мислам дека треба да дојдете овде и да видите како ќе заврши флертувањето со Русите“, рече Зеленски.