Зеленски пред самитот на НАТО: Денеска ќе се знае кој ни е пријател, а кој не предал за пари (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Украина Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање ги предупреди западните лидери кои денеска ќе се сретнат во Брисел дека Русија ја користи својата економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да се мешаат во војната.

„Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Знаеме дека тие работат со некои партнери“, рече Зеленски пред самитот на Г7, НАТО и Европската унија денеска во Брисел.

„Нашиот цврст став ќе биде претставен на сите три самити“, продолжи тој.

„На овие три самити ќе видиме кој е пријател, кој е партнер, а кој не предаде за пари“, рече Зеленски.

Околу 40% од Европа се снабдува со руски гас, пишува Би-Би-Си. Европските лидери бараат алтернативни извори на енергија додека воведуваат санкции кон Москва.

Зеленски ќе се обрати на самитот на НАТО преку видео врска и се очекува да бара понапредно оружје, вклучувајќи авион и противвоздушен систем.

Бајден, кој исто така е во Брисел, се очекува денеска да објави нови санкции против Русија.