Зеленски го потпиша барањето за итно зачленување на Украина во ЕУ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на социјалните мрежи денеска објави фотографии од потпишувањето на барањето за членство на Украина во ЕУ.

„Денеска потпишав барање за членство на Украина во Европската Унија. Сигурен сум дека ова е реално“, објави Зеленски.

Претходно денеска Зеленски ја повика ЕУ веднаш да го одобри членството на Украина.

„Нашата цел е да бидеме заедно со сите Европејци и што е најважно да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека тоа е можно“, рече Зеленски.