Home Вебкафе Здрави, благи и вкусни – домашни Praline по принцип „напрви сам“

Здрави, благи и вкусни – домашни Praline по принцип „напрви сам“

Ако сте зависник од благо и не можете да одделете на чоколадото, па дури и тогаш кога се трудите да водите здрав живот, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Направете вкусни и здрави Praline колачи.

Потребни состојки за 12 Praline колачи:

120мл растопено кокосово масло
100гр какао
мед по желба
банана или друго овошје по желба

Начин на подготовка:

Како калап може да ги искористите хартиените корпички за колачи, но тоа зависи од формата во која сакате да бидат колачите. Измешајте ги сите состојки за да добиете хомогена смеса. Потоа пополнете ги калапите и ставете ги во ладилник околу 10-на минути. За тоа време, испасирајте ја бананата. Извадете ги калапите од ладилникот и додајте го овошјето во смесата, а потоа повторно вратете ги во ладилник.

Овие колачи брзо се топат на собна температура, но бидејќи се превкусни, веруваме дека нема долго да стојат сервирани на маса.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…