Затоплување и сончево време

Според временската прогноза, во Македонија денес не очекува сончево време со мала облачност и послаб ветер од северен правец.

Што се однесува до дневните температури, минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 10 до 17 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, со температура од 2 до 14 степени.

Во четврток и во петок времето ќе биде претежно сончево. Во четврток наутро температурата на повеќе места ќе се спушти околу нула. Од сабота попладне до недела ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер, кој во сабота ќе биде од јужен, а во недела од западен правец.

Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.