Заспивање на бебето во прегратка – правилна или погрешна пракса на родителите?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конвенционален и широко распространет став меѓу народот во врска со заспивање на новороденчето од страна на родителите е дека бебето не се заспива во прегратка бидејќи така ќе го навикнете и повеќе нема да може да го правите заспивањето на поинаков начин.

Но, реален факт е дека, кога станува збор за мали бебиња, нема апсолутно ништо лошо во таа родителска пракса.

„Бебињата помлади од четири месеци треба да ги држите на начин кој им е потребен за да ги заспиете“, вели Сатја Нарисети, професорка на Одделението за педијатрија на Универзитетот Рутгерс.

Таа додава дека секогаш треба да го ставате бебето на грб во креветчето откако ќе заспие, бидејќи тоа е најбезбедниот начин.

„По три или четири месеци, кога бебето ќе развие поредовни навики на спиење и ќе биде способно да спие поголем дел од ноќта, проценете дали заспивањето во вашата прегратка сè уште е вистински избор“, вели Нарисети.

„Секое дете и секое семејство се поинакви. За нивниот развој е важно децата да можат да спијат и да се смират со вас“, вели таа.

Кога детето ќе се разбуди во текот на ноќта и самото повторно заспие без плач и без ваша помош е вештина која подоцна може да биде повеќе од практична. Без грижа, тоа и ќе се случи.

Тренирањето на спиење, односно поттикнување на детето да има поредовни навики на спиење вклучува ставање детето самото да заспие во креветче додека е будно. Професорката Нарисети, која и самата е мајка, е обожавател на Ферберовата метода во која родителите го тешат бебето среде ноќ, задржувајќи го во кревет. На тој начин го развиваат самосмирувањето. Создавањето рутини пред спиење, на пример капење, па книга, па кревет исто така го поттикнува добриот и квалитетен сон.

Ако сакате да испробате тренирање на спиење првин консултирајте се со докторот за да бидете сигурни дека нема никакви медицински препреки како рефлукс, а кои би можеле да му сметаат на бебето.

„Постојат моменти во кои родителите можат да ги утешат бебињата навечер, на пример ако сонуваат лош сон или слично, но сепак верувам дека децата би требало да научат сами да се заспиваат“, вели таа.